(ВИДЕО) Данијела Мартиновиќ во новата песна порачува: „Љубовта не се откажува”

Данијела Мартиновиќ ја претстави својата нова песна „Љубовта не се откажува”.
Ова е прва соработка помеѓу Данијела и авторката Мира Лесиќ, чија желба долго време била да напише песна за Данијела. Покрај Лесиќ на песната се потпишуваат Миро и Инес Прајо, како автори на текстот.
„Многу е тешко да се опише за каква песна станува збор, бидејќи има толку силна порака. Ова е всушност песна на иднината која има свое минато. Како кога пишувам поетски записи, секогаш се повикувам на некои од моите искуства, бидејќи мислам дека вистината е она што ни треба, како мост кон друго срце. Срцето секогаш ја препознава вистината и ова не е поетски запис, туку вистинит текст”, вели Даниела за песната на која е исклучително горда а која содржи силни пораки.

Спотот е сниман во каменолом, во поприлично лоши временски услови. Данијела со спотот се приклучи кон попопуларното движење за рециклирање на веќе видените стајлинзи. Таа во спотот го носи белиот комбилизон на модното дуо „Арилео”, што го носеше за прв пат пред осум години, како омаж на нивната 10-годишна соработка.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УТРЕ ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА ПЛАТОТО НА УКИМ: МАКЕДОНСКИТЕ ХИТОВИ ДОБИВААТ НОВО РУВО ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА

Скопје утре ќе биде домаќин на уникатен музички спектакл! Со почеток во 20 часот, платото …