(ВИДЕО) Дали би сте се осмелиле да го преминете овој ЗАСТРАШУВАЧКИ стаклен мост?

Кинезите обожаваат мостови, особено оние со атрактивен изглед, особено оние со проѕирно стаклено дно.
Во 2019. година, државните медиуми ECNS проценија дека во земјата има повеќе од 2.300 мостови со стаклено дно.
Еден од најпопуларните е мостот Руџи, кој целиот се криви, а дното е поплочено со проѕурно дно.
Мостот е инспириран од руџи, кој всушност е украсен предмет што се користи во верски церемонии и ја симболизира моќта и среќата во кинескиот фолклор. Оваа конструкција е висока 140. метри, и се состои од три моста со палуба делумно изработена од стакло.
Кинеските туристи не можат да го заситат овој мост. И покрај застрашувачката снимка што ја објавуваат секој ден (обично станува збор за луѓе кои паничат на сред мост и не смеат да одат понатаму), посетата станува се’ поголема.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by الفبای سفر | alefbatour.com (@alefbatravel)


Друг сличен мост во провинцијата Хунан предизвикува вознемиреност при неговото преминување.
Погледнете ја снимката од исплашените туристи кои посакуваат никогаш да не тргнале на пат.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …