Белград го зафатило големо невреме со громови и силен дожд…
УХМР за земјата и Скопје ја даде следната прогноза:
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Облачноста од запад ќе се зголемува, па попладне ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец (над 60 км/час), особено на повисоките места и во западните делови.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. T= 24 °C, P= 970 hPa, U= 40 %, V= 4 m/s.
Утре се очекува Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за појава на локален краткотраен дожд во планинските региони. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните делови.
Температурите ќе се движат како и до сега – наутро од 5 до10, а дневните од 14. до 27. степени.
Во соседството големо невреме – Еве што се најавува за Македонија!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.