(ВИДЕО) Да не ви се верува: Детал на фотографијата на БЕБЕ во стомак, на ултразвук, го шокирал интернетот!

Трудницата наведува дека нејзината ќерка има ист темперамент како неа
Иако се уште е во утробата на мајка си, а ќе се роди за неколку недели, девојчето Изабела очигледно веќе заземало лош став, гард што всушност го очекувате од нерасположена тинејџерка.
Така барем се шегува нејзината мајка, Енџ Слејтер (33) од Потстаун, Пенсилванија, која неодамна видела дека Изабела го покажува средниот прст за време на ултразвук.
– Значи, пукнав од смеење. Изгледа дека е на мене, со идентичен карактер, што значи дека јас и мојот сопруг сме во неволја – рекла Енџ во духовита нота, па се опишала себеси како личност со слободна волја, отворена и доста директна.
Меѓутоа, дека во себе има и мирољубива нота, очигледно комуникативната Изабела открила неколку минути подоцна, во моментот кога со помош на двата мали прста го направила таканаречениот знак „мир“.

@ang.slater


My baby really flipped us off during her 3D/4D ultrasound. Also the little peace sign ✌🏻🥺 26 weeks & already trouble 😈

♬ original sound – random videos


– Таа сцена беше многу слатка. Како да сакаше да каже дека сепак сме добро – заклучила Енџ, медицинска сестра која се мачела да забремени поради синдром на полицистични јајници.


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Ѓоковиќ вечерва во Рим го удрија со шише во главата, се здоби со расекотина

Новак Ѓоковиќ вечерва на Мастерс турнирот во Рим во второто коло го совлада Французинот Корентин …