(ВИДЕО) Букетот крие тајна: Еве како Хари и Меган со мали детали и одале почест на принцезата Дијана!

Принцот Хари уште после свршувачката со Меган Маркле рекол дека неговата мајка Дијана сигурно би ја обожувала Меган.
„Би биле блиски, нема сомневање. Мислам дека би била пресреќна. Скокала од среќа бидејќи би била возбудена поради мене. Тие две веројатно би биле најдобри пријтелки“ раскажал тогаш.
Немало сомнение дека ниту на церемонијата на венчавка Дијана ќе биде вклучена, на еден начин. Емотивниот принц Хари сакал тоа да биде на дискретен но посебен начин.
Тој ден пред венчавката лично набрал некои цветови кои потоа цвеќарката Филипа Кардик ги искористила за изработка на бидермаерот на невестата. Меѓу нив било и цвеќето на бел споменик или како што го нарекуваат незаборавно. Кенсингтонската палата соопштила дека токму тоа било омиленото цвеќе на принцезата Дијана поради што двојката одлучила ова цвеќе да биде дел од венчаниот букет за да на тој начин и одадат почест на починатата принцеза.
Во англосаксонските земји ова цвеќе се вика и forget-me-nots, што во слободен превод значи „не ме заборавај“. Токму како и венчаницата и бидермаерот на Меган Маркле бил многу децентен. Мирисни цветови како стилби, јасмин, звездени и мирта биле дел до малечкиот букет поврзан со свилена лента.


Мритите во букетот биле изданоци од садница кои уште во 1845 година ги засадила кралицата Викторија во резиденцијата Осборн на островот Ајк оф вајт. Цветовите на мирт симболизираат љубов, плодност и невиност. Цветовите од оваа билка традиционално се ставаат во венчаните букети на кралските невести.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бесплатна проекција на документарниот филм „Во огледалото на Маја Дерен“ во рамките на Филозофскиот филмски фестивал

Оваа година, на 14. издание на Филозофскиот филмски фестивал, поголем дел од Придружната програма ќе …