(ВИДЕО) Бредли Купер (божем случајно) се појавил на концерт на Лејди Гага во Лас Вегас: Ја воодушевиле публиката но и направиле одлична реклама за „Ѕвездата е родена“

Колку и сакаме да поверуваме во спонтаноста и пријателство, сигурно дека и тоа го има во Холивуд, но кога станува збор за „жежок“ проект кандидиран за неколку Оскари.


Снимките од концертот ги преплавиле социјалните мрежи и предизвикале низа воодушевени коментари.
„Купер се појави на концертот на Гага и ја изведоа ’Shallow’. каква лудница!“, „беше неверојатно да се видат во живо како ја изведуваат таа песна“, „Треба да покренеме петиција тие двајца заедно да одат на турнеја“, „Пронајди некој кој те гледа како што Купер ја гледа Гага“, биле само некои од коментарите.
Песната „Shallow” освоила Златен глобус за најдобра оригинална песна, а во истата категорија е номинирана и за Оскар. Лејди Гага и Бредли Купер се номинирани за најдобра главна глумица и најдобар главен глумец а филмот „Ѕвездата е родена“ за најдобар филм.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …