Брачен пар од Турција, Нергис и Кумали Бакајли, по цел месец страв и неизвесност, го пронашле своето дете изгубено во разорниот земјотрес.
Шестмесечно бебе исчезнало по земјотресот во Турција на 6 февруари, а во моментот на земјотресот било во болница во Караманмарас, оттогаш е изгубено. Не било јасно дали детето е извлечено на безбедно или починало под урнатините, а родителите биле сместени во прифатен центар.
Приказната за разделеното семејство ја објавија бројни турски медиуми, а парот по земјотресот почнал да го бара детето.
Нивното бебе било на интензивна нега поради крварење на мозокот поради предвремено породување, а по земјотресот било префрлено во градската болница во Мерсин, а потоа во болницата на медицинскиот колеџ на Универзитетот во Селџук, но поради општиот хаос и немањето документи, многу семејства, меѓу кои и ова, биле разделени.
Вработените во болницата во Селџук го препознале детето и ги известиле родителите дека бебето е кај нив, живо и здраво.
Мајката Кумали Бакајли открила дека не знаеле каде е нивното дете: „Пред земјотресот ќерка ми беше во болница. По земјотресот не знаевме каде е. Кога ни се јави докторот и рече дека нашата ќерка е таму и дека нејзината состојба е многу добра, Господ да ги благослови сите, цел свет беше наш“, раскажала шокираната мајка за NTV.
Таткото Нергис Бакајли е пресреќен што состојбата на девојчето е добра.
„Не дај Боже некому да му се случи вакво нешто. По земјотресот немавме вести за нашето девојче. Господ да ги благослови сите“, рекол ј.
Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари.
Фото: Архива