(ВИДЕО) 4,3 милиони прегледи: Момче сакало да седне до девојка во празен автобус, видеото стана вирално

На социјалните мрежи се шири снимка од разговор меѓу девојка и момче кое се обидело да седне до неа во празен автобус.
Видеото од нивната расправија стана вирален хит откако беше објавено на TikTok каде што е прегледано 4,3 милиони пати, а луѓето ја фалат девојката за начинот на кој таа се соочила со него.
Видеото започнува така што девојката му вели дека неговото однесување е „чудно“ бидејќи одбива да прифати дека не е во право.

Непријатен разговор
„Буквално избра да седиш веднаш до мене во празен автобус, тоа е чудно. Не се ни познаваме“, му вели таа, очигледно фрустрирана од неговото неразбирање. Наместо да отстапи, момчето не отстапува и ја прашува зошто е чудно да седи покрај тотален странец.


@ceowally Who goes and sits next to a woman whos on her own seated on a empty bus? THE AUDACITY 😂 #fyp #ukbus ♬ original sound – Wally🧑🏽‍🎄

„Не доаѓам во автобус за да почнам да излегувам со некого“, остро одговара таа и додава: „Во автобус сум за да стигнам од А до Б. Не доаѓам да почнам да разговарам со…“, а тогаш типот се налутил и почнал да и вели „заќути“.


Тиктокерите на страната на девојката
Откако видеото стана вирално, тиктокерите ја пофалиле девојката што се бранела.
„Таа е во право. Не форсираш муабет на некој што очигледно сака да остане сам“, напишал еден тиктокер, додека друг се согласил: „Сепак е во право, празен автобус и доаѓаш да седиш до мене… Зошто?!”

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …