(ВИДЕО) Скапоцен камен на Јонското Море: Тиркизно сина вода и смарагдните шуми се главните атрибути на островот на Одисеј

Итака (Ithaca) е грчки остров кој се наоѓа во Јонското Море, на североисточниот брег на Кефалонија и западно од континентална Грција. Островот Итака има површина од 120 квадратни километри, што го прави втор најмал од седумте главни јонски острови.
Итака го добила името по митолошкиот херој Итакус, кој заедно со неговите браќа го колонизирале овој остров околу 1320 година п.н.е. Иако името Ithaki останало непроменето од античките времиња, пишаните документи од различни периоди покажуваат дека островот се нарекувал со различни имиња. Станува збор за имиња: Thiaki во византискиот период, Teaki за време на венецијанскиот период и Fiaki за време на османлискиот период. Исто така, според некои други извори, островот го добил името од грчкиот збор „ithy“, што значи весел, а според некои од феникискиот збор „utica“, што значи колонија.
Најпрепознатливиот симбол на Итака секако е Одисеј, со оглед на тоа што Итака е првенствено позната како родно место на овој Хомерски херој, кој е опеан во „Илијада“ и „Одисеја“. Според Хомер, Одисеј бил крал на Итака, и херој кој одиграл значајна улога во Тројанската војна, по што се враќа во својата татковина, на овој остров. И денес Итака симболизира носталгија, враќање во засолниште и исполнување на целта.
Песочните плажи со опојниот мирис на боровите дрвја ќе ве натераат да заборавите на секојдневните проблеми и да се препуштите на одморот. Доколку се одлучите да одите на дива плажа, од кои има многу на островот, загарантиран е одморот и бегството од секојдневните грижи.


Островот Итака е познат и по своето маслиново дрво, старо повеќе од 1500 години. Селата на овој остров се познати по зачувувањето на традиционалната градба на куќи. Во некои села е забрането да се гради во модерен стил, а има и ограничување на боите што можат да се користат. „Робола“, познатото вино, како и младото сирење „мизитра“, богатото историско наследство и гостопримството на локалното население се само дел од причините да се дојде на овој шарен мал остров.

This image has an empty alt attribute; its file name is itaka-1.jpg


Плажи на островот Итака
Тиркизното сино море, плажите со камчиња и песочни плажи се само дел од овој рај на земјата.
Титулата за најубава плажа на островот Одисеј ја носи плажата „Agios Ioannis“, покрај неа се издвојуваат плажата „Louts“, плажата „Sarakiniko“, плажата „Filiatro“ и плажата „Afales“.
Доколку сакате да ја одбележите 2023 година со прекрасно патување на кое ќе се одморите и физички и психички од секојдневните проблеми и обврски, островот Итака е вистинската адреса за вас!


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …