Со креми од коноп побрзо до ублажување болка на природен начин

Кремите што содржат коноп, стануваат се популарни и кај спортистите за природен и ефикасен начин на справување со болката. Бидејќи имаат ублажувачки својства, се нанесуваат локално и се апсорбираат преку кожата, се овозможува локализирано олеснување на болката без психоактивни ефекти врз спортистот.  

Дел од спортистите се решаваат на ваква варијанта за локализирано олеснување од болка бидејќи со кремите од
конопсе обезбедува природна алтернатива што не доаѓа со потенцијалните несакани ефекти на лековите против болка


Придобивките од користење креми од коноп се многубројни, а најважната е што можат да бидат прилагодени на специфичните потреби на спортистот. Самите креми со коноп можат во зависност од состојките да бидат за две различни намени кај спортистите, една крема да биде за акутна болка, а друг вид на крема да биде за хронична болка. Кремите од коноп честопати се збогатени со други состојки, на пример еукалиптус или чајно дрво, па на тој начин, уште повеќе, се подобруваат нивните својства за ублажување на болката. 

Маслото од коноп содржи супер анти-инфламаторната есенцијална масна киселина позната како гама линолинска киселина (ГЛК), а неодaмна беше откриено дека содржи и  омега-3 киселина.  Овие две состојки се важни за  функционирање на хормоните, нервите, мускулите и крвниот притисок. Користење на ваков вид крема во физикалната терапија овозможува најголема мускулна релаксација. Многу физиотерапевти ја користат бидејќи го подобрува севкупниот ефект на третманот, освежува и ја поттикнува циркулацијата овозможувајќи моментална релаксација. 


Физиотерапевтите се одлучуваат за ваков вид на креми бидејќи производот не влегува во крвотокот. За таа цел, технички, може да се користи каква било форма на масло од канабис.  

Традиционалните третмани на физиотерапевтите вклучуваат вежби, едукација и препораки за да се поттикне брзо заздравување. Целта е реставрација, што е можно побрзо и поефективно. Секогаш се оди кон природен начин да се третира хроничната болка, се со цел да го зголемат квалитетот на животот на спортистот.  


Физикалната терапија има за цел да понуди нови стратегии, да ги подобри секојдневните или спортските движења и да им помогне на спортистите да се вратат во состојба на рамнотежа.  

Затоа честопати во терапијата и во стандардните протоколи е вклучена масажата со масло од коноп за комплетна релаксација на мускулите. 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува многу нестабилно време со чести врнежи и грмежи – Можно е невреме, додека температурите ќе бидат под просекот за средината на Мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Денес поплдне особено во западните и во југозападните предели од …