(ВИДЕО) 28. милиони прегледи: Девојчето кое секој ден ги чека своите сестри од училиште станало хит

Има ли нешто поубаво од сестринската љубов? Тиктокерка и мајка на три девојчиња, Робин Витсет, редовно објавува видеа од своето семејство на својот профил, а едно посебно ги воодушеви сите корисници на оваа социјална мрежа.
Имено, таа ја снимила својата најмала ќерка како секој ден стои во дворот и ги чекала сестрите да се вратат од училиште. Штом се појави училишниот автобус, таа ги раширува рацете, нетрпеливо скока, а потоа со насмевка трча кон сестрите.

@robinwhitsett #sad #sadvideo #growingup #gettingold #momof3 #toddlermom #loxley #waitingforsister #sisterlove #sisterhood #cutekids #siblings #siblinglove #familylove #siblinggoals #sistergoals ♬ original sound – Robin Whitsett


Нејзината ќерка, како што објаснува во видеото, тоа го прави уште од бебе, а „традицијата“ продолжува и денес. Видеото стана вирално за рекордно време, а моментално има дури 28,7 милиони прегледи.
„Ова е убава, вистинска сестринска љубов“, „Нема ништо поубаво од тоа да се види како сестрите се сакаат вака“, „Ова е најубавото нешто што сум го видел на интернет“, се само дел од коментарите на воодушевените тиктокери.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …