(ФОТО) Сопственикот го доставил багажот на преглед, персоналот на аеродромот бил шокиран од содржината на ранецот

ТОКМУ како и сите патници, неидентификуваниот маж морал да помине низ системот за скрининг со рачниот багаж пред да се качи во авионот. Вработените на аеродромот Медисон забележале неочекуван натрапник во ранецот на мажот.
Скенерот за багаж покажал куче скриено во ранец. Фотографиите кои ги направиле ги објавиле и на Твитер.


„Ако патувате со животно, известете ја авиокомпанијата и запознајте се со правилата“, предупредува Управата за безбедност на аеродромот во Висконсин.
Патниците треба да го извадат својот миленик од багажот, па дури потоа да го испратат на преглед.
Пред само две недели, персоналот за безбедност на меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди во Њујорк беа подеднакво шокирани кога открија мачка во багажот на патникот. Меѓутоа, во таа ситуација ниту сопственикот не знаел дека мачката на соседот решила да патува со него.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) УНИКАТНИ РЕАКЦИИ – Изразите на лицето на италијанската премиерка се инспирација за бројни шеги: Која си денес Џорџија Мелони?

Италијанската премиерка Џорџија Мелони, освен што е во јавноста поради низата политички одлуки кои ги …