(ВИДЕО) 16. милиони прегледи: Видео на многу едноставен трик за виткање подароци станал хит!

Едноставен начин за виткање подароци станал вирален хит на социјалните мрежи.
Британската компанија Waterstones, која се бави со продажба на книги, на Твитер објавила куса снимка на која се гледа како да завиткате подарок кога ви недостасува хартија, а видеото за само неколку дена го погледнале повеќе од 16. милиони лица.


Многумина се прашувале како тие не се сетиле подарокот да го свртат дијагонално и биле воодушевени со трикот, иако ги имало и оние на кои ова не им било ништо ново. Некои споделиле и други трикови на виткање подароци кои ги сметаат за подобри, а најмногу внимание привлекло видеото на Би-Би-Си објавено пред две години кое можете да го видите подолу.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …