Вечерва се гледаме на Андерфест !!!

Вечерва со почеток во 20:00 часот во Младинскиот Културен Центар ќе се одржи петтото издание на фестивалот Андерфест.

Публиката која ќе дојде на јубилејното издание на фестивалот ќе може да го види најдоброто од алтернативната сцена во моментов кај нас. Преку Ред, Conspiracy, Red18, Последен Удар, Peach Vice и Lufthansa ветуваат пеколна журка во Денсинг салата на МКЦ.


Андерфест фестивал веќе пет години искрено и напорно работи со цел да овозможи промоција и настап на младите алтернативни бендови. Тоа е препознаено од страна на изведувачите и на публиката која ја следи алтернативната сцена. Вредно е да се спомене дека досега настапиле преку 100 бендови, а фестивалот бил секогаш одлично посетен и прифатен од публиката.

Се надеваме дека покрај Андерфест ќе има уште многу вакви фестивали каде младите изведувачи ќе можат да настапуваат и да бидат мотивирани уште повеќе да работат и творат. Овој јубилеј ни значи многу и ни дава дополнителен мотив да продолжиме во остварување на нашата мисија. Најголема сатисфакција ќе ни биде публиката да дојде во петок, да ужива, и да го поддржи овој фестивал и домашната алтернативна сцена, велат организаторите на фестивалот.


Набавете карта ако досега не сте го сториле тоа, и вечер сите на Андерфест во МКЦ !!! Се гледаме таму !!!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …