В сабота онлајн концерт „One World: Together at home#: Настапуваат Андреа Бочели, Елтон Џон, Малума, Пол Макартни, Ени Ленокс…

Во соработка со СЗО и организацијата „Global Citizen“ Лејди Гага организира онлајн концерт „One World: Together at home#, закажан за в сабота, а ќе се пренесува на Фејсбук и Јутјуб.
Нема сомнение дека и таа самата би предизвикала голем интерес, но сепак одлучи овој концерт да го направи со други познати личности, а листата е навистина долга и ексклузивна.
Аланис Морисет, Андреа Бочели, Били Ајлиш, Џо Армстрог, Бурн Бој, Крис Мартин, се само дел од потврдените артисти. Ќе ги видиме и Дејвид Бекам, Еди Ведер, Елтон Џон, Кери Вашингтон, Малума, како и Пол Макартни, Пријанка Чопра, Стиви Вондер и многу други.
Преносот ќе го води фантастична тројка – Џими Фалон, Џими Кимер и Стефан Колбер.
По овој повод Гага даде и видео изјава, во која ги повика сите луѓе да уживаат во музиката и да не уплаќаат пари, затоа што досега преку донатори успеала да собере 35 милиони долари. Исто така, изрази и поддршка на сите здравствени работници ширум светот.
„Иако физички не можеме да бидеме заедно, ајде да го направиме тоа онлајн“, порача пејачката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …