Возел двојно повеќе од дозволеното па поради оправдување кое го дал на полицаецот завршил во болница

Полицијата од австралискиот град Сиднеј запрела возач на Ламборџини кој итал со брзина од 160 км./час на пат каде дозволената брзина била 70 км/час,пишува Daily Mail.
Возачот како изговор за кршење на правилата навел дека брзал на тестирање за корона вирусот бидејќи забележал симптоми. После неколку минути расправија и натегнување полицајците сфатиле дека возачот сака да ги изигра.
На возачот на лице место му била доземена возачката дозвола, му била напишана парична казна, а полицајците дури и го одвезле до болницата каде е ставен во двонеделна изолација, во која се ставаат сите кои забележуваат симптоми.
„Возачите во ниту едни услови не би требало да ги прекршуваат правилата кои важат во сообраќајот“, рекол Мајкл Корби, командант на сообраќајната полиција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …