(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА – СЛУЧАЈ КОЈ ЈА РАСТАЖИЛ ЦЕЛА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Медицинска сестра се породила па починала од корона вирус!

Медицинска сестра во Велика Британија, за која е потврдено дека има коронавирус за време на бременоста, починала по породувањето, но нејзиното бебе е спасено.
Мери Агива Агапонг (28), која работела во генералниот оддел во универзитетската болница Лутон и Данстабил, починала во неделата, на 12. април.
Таа била примена во болницата на 7. април, откако два дена порано била позитивна за Ковид-19.
Откако нејзината состојба започнала да се влошува, лекарите ја упатиле на итен царски рез. Лекарите првично помислиле дека таа покажува знаци на подобрување по породувањето, но Агапонг починала на 12. април.
За нејзиното бебе е соопштено дека е згрижено, а засега нема информации дали е позитивна за вирусот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …