Уживање во најдобрите филмови и серии со Samsung QLED телевизорите и HBO GO

Во првите четири месеци на 2020 година, гледаноста на телевизијата во Македонија порасна за рекордно ниво според истражувањата на Nielsen[1]. Голем раст е забележан и на светско ниво. Меѓутоа, како вистински хит помеѓу телевизиските гледачи се покажаа сервисите за стримање, а една од најпопуларните платформи за стримање,која има превод за сите серии и филмови е HBOGO.


Со цел да им овозможи на своите корисници да уживаат во омилената содржина, кога и да посакаат, компанијата Samsungподготви посебна погодност. Почнувајќи од 1 мај, па сѐ до 30 јуни, купувачите на Samsung QLED телевизор од 2019 или 2020 година, добиваат прилика да уживаат во најдобрите серии и филмови до 12 месеци и тоа целосно бесплатно со HBO GO.


Со телевизорот кој што ќе го одберат и врвната Samsung QLED технологија, која што боите, тоновите и движењата на екранот ги прикажува на веродостоен начин, корисниците ќе можат да уживаат во познатите HBO серии како Westworld, True Detective или Game of Thrones. Високата резолуција на QLEDмоделите и големиот избор на димензии според потребите на корисникот, го прават гледањето на сите видови на содржини вистинско уживање.


Во зависност од тоа кој модел на телевизор ќе го одберат, корисниците добиваат ваучер за HBO GO услуга во траење од шест, девет или 12 месеци[2]. За да може купувачот да го искористи ваучерот, потребно е да ја регистрира својата купувачка во рок од 14 дена од датумот на издавање на сметката. По активацијата на ваучерот, на корисникот му преостанува да ужива во изборот на повеќе од 300 серии и 850 филмови достапни на HBO GO сервисот.

За повеќе информации посетете ја https://www.samsung.com/mk/offer/hbo-go-promo/.

[1]Според истражување на Nielsenза ТВ аудиториумот во Р.М.

[2]Ваучер за користењеHBO GO 12 месеци со купен QLED 8K или Q90/95. Ваучер за користење HBO GO 9 месеци со купен QLED Q80/85 или Q70/75. Ваучер за користење HBO GO 6 месеци со купен QLED Q60/65.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второто и уште поголемо издание на HR.Weekend: Интердисциплинарни теми и најголемите експерти наесен во Ровињ

Второто издание на исклучително успешниот HR.Weekend ќе се одржи и оваа година во рамките на …