Утре во Скопје ЗОО од 13. часот ќе има „Новогодишна Зоо Бајка“

Традиционално, трета година по ред во Зоолошката градина во Скопје се одржува настанот „Новогодишна Зоо Бајка“. Во пресрет на Нова година, најмалите ќе имаат можност да уживаат во детска претстава, а потоа и доаѓање на Дедо Мраз со волшебното вовче.


Сите деца ќе добијат подароци и пакетчиња, а влезот за настанот е 80 денари.
Настанот ќе биде по сите здравствени протоколи, безбеден за сите и на отворено. Носењето маска е задолжително.
Поради временските неприлики, „Новогодишна Зоо Бајка“ наместо на првично најавениот датум 27.12, се префрла за 28.12 ( понеделник), со почеток во 13:30.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 14.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ќе ве придружува добар работен ритам, имате многу енергија и без потешкотии ќе …