(ФОТО) Деветмесечна ќерка на новинар на СиЕнЕн на Бадник починала од рак

Репортерот на Си-Ен-Ен, Андреј Казчински и неговата сопруга Рејчел Луиз Енсиајн жалат за својата деветмесечна ќерка Франческа, која на Бадник ја изгубила битката со тумор.
„Со скршено срце објавуваме дека нашата убава ќерка Франческа почина синоќа во прегратките на мама и тато. Секогаш ќе има дупка во нашите срца за неа. Благодарни сме што те сакавме. Франческа, те сакаме”, објавил скршениот Казчински на Твитер.

Тој во септември откри дека на неговата ќерка и е дијагностициран „редок и агресивен облик на рабдоиден тумор на мозокот“.
„Франческа е најсилната и најиздржлива личност. Пред неполна недела, таа имаше две операции на мозокот и веќе се смешка дома. Уверен сум дека таа ќе победи”, напишал тој.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrew Kaczynski (@andykaczynski)

Сепак, девојчето минатата недела се здобило со габична инфекција поради која завршила на респиратор и апарат за одржување на животот.
„Се надеваме на Божиќно чудо“, напиша новинарот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrew Kaczynski (@andykaczynski)

За жал, ова семејство не го дочекало.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrew Kaczynski (@andykaczynski)

Фото:Instagram/andykaczynski/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …