Умрел бившиот претседател на САД – Џорџ Буш

Во неговиот последен мандат, од 1989. до 1993. година, Буш го урнал Берлинскиот ѕид, се распаднала СССР и почнала војна на подрачјето на бивша Југославија. Ја водел и воената акција Пустинска олуја…
Бившиот претседател на САД, Џорџ Х.В. Буш, кој претседателствувал за време на завршувањето на ладната војна и ја поразил ирачката војска на Садам хусеин, умрел во петокот во 94. година, соопштил гласноговорникот на семејството.
Буш, 41. претседател на САД живеел подолго од било кој од неговите претходници.
На почетокот на неговиот претседателски мандат, од 1989. до 1993. година, дошло до пад на Берлинскиот ѕид и распаѓање на СССР, а подоцна ја водел и воената акција Пустинска олуја во Персискиот залив, кога ја поразил војската на Садам Хусеин.
Бил член на Републиканската партија, а пред да стане претседател на САД бил, меѓу останатото, и потпретседател за два мандати на претседателот Роналд Реган, од 1981. до 1989. година, амбасадор на САД во Обединетите народи и директор на средишната обавештајна служба ЦИА.
Неговиот син Џорџ В. Буш бил 43. претседател на САД.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Нов “дијамант” на македонската кошарка

На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига …