(ФОТО) Мајкл Џ. Фокс 29. години се бори со Паркинсоновата болест: Досега донирал 650. милиони долари за истражувања!

Холивудскиот глумец со години се борел со зависноста од алкохол, а капката која ја прелила чашата била кога тригодишниот син го пронашол како пијан и без свест лежи во дневниот престој…
Канадско – американскиот глумец Мајкл Џ. Фокс (57) имал само 29. години кога му била дијагностицирана Паркинсонова болест. За Closer Weekly опишал што за него значела таа дијагноза.


„Искрено, им реков на лекарите:’Знаете ли вие кој сум јас? Мора да сте се збуниле’….Мислев дека е невозможно тоа да ми се случи токму мене. Дијагнозата ме преплаши. Едноставно избегав од неа…А, утеха, за жал, барав во алкохолот“, признала ѕвездата на филмот „Враќање во иднината“.

Холивудскиот глумец со години се борел со зависноста од алкохол, а капката која ја прелила чашата била кога тригодишниот син го пронашол како пијан и без свест лежи во дневниот престој.

„Пиев за да заборавам на болеста и да ја избркам што подалеку, но само предизвикував напнатост во сопствениот брак“, рекол Фокс кој е веќе 30. години во брак со глумицата Трејси Полан (58).

View this post on Instagram

Grateful

A post shared by Michael J Fox (@realmikejfox) on

Токму подршката на неговото семејство му помогнала да побара помош и својот живот да го доведе во ред, и покрај тешката болест која го следи скоро цела негова кариера.

View this post on Instagram

I swear I can hear him thinking #realgusfox

A post shared by Michael J Fox (@realmikejfox) on

„До сега требаше веќе да бидам неподвижен, а далеку сум од тоа“, открил пред три години за списанието „Haute Living“. Во медиумите често истакнувал дека болеста го направила подобра личност, а спасот од последиците на болеста го пронашол во медитациите.

За да ја подигне свеста на јавноста за една од најтешките болести на денешницата Фокс досега донирал повеќе од 650. милиони долари за истражување на Паркинсоновата болест.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …