Уметничкото видео „Axon-26“ на видео авторката Вероника Камчевска од денеска ќе се прикажува на полскиот фестивал „On Art“

Уметничкото видео „Axon-26“ на видео авторката Вероника Камчевска од денеска ќе се прикажува на полскиот фестивал „On Art. Се работи за еден од најголемите фестивали за уметност кои се одржува на отворен и затворен музејско-галериски простор. Фестивалот е застапен во 15 градови на Полска и трае два месеци.

Уметничкото видео „Axon-26“ е дигитален аудио-видео формат. Звучниот дизајн е изработен од авторот Горан Москов.


Вероника Камчевска (02.02.1987) е видео авторка и истражувачка на мултимедијални форми и модели. Како авторка се појавува во мултимедијалниот проект „Ризом-X“, КИЦ на Република Северна  Македонија во Загреб, Хрватска (2022г). Ко-креаторка е на e-платформата „Covidmembrance“ (2021г), која во својата структура интегрира дигитално-визуелни форми, квантитативно-квалитативни вредности на видео арт, дигитален цртеж и дигитална писменост. Соработничка е во делот на видео арт интервенција на мултимедијалниот проект „Капсид i20“ (2020, 2021г), Мала Станица, НГМ, Скопје. Во 2021 година учествува на мултимедијалниот фестивал „ALC video art“ во Музејот на современа уметност, MaCA, Аликанте Шпанија. Учесник и соработничка  е на мултимедијалниот проект „1/2 Состојба“,  изложен во Gallery MC, Њу Јорк, 2018 година, САД.    

Горан Москов (14.12.1984г) е аудио дизајнер кој работи на арт инсталации, експериментални и документарни филмови. Автор и соработник е на мултимедијалниот проект „Ризом-X“, (2022г). Kако главен аудио дизајнер и композитор на оригинална музика работи на мултимедијалната платформа „Covidmembrance“, (2021г). Создава звучен дизајн за мултимедијалниот проект  „Капсид i20“, реализиран 2020/21 година  во Мала Станица, НГМ.


Во 2019-та година создава оригинална музика за документарниот филм „Медула“. Креира звучна поддршка за уметничкото видео „C/11“, дел од мултимедијалниот проект „1/2 Состојба“, ( 2018г) Gallery MC, Њу Јорк.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина во Струмица

Во рамките на проектот ,,Први март”, Каролина ќе одржи концерт во Струмица, на 17ти мај …