Во наредните пет до седум дена не очекува вистинска зима па УХМР се огласи со предупредување…
Под влијание на многу студена воздушна маса во следните денови ќе се задржи студено време со умерен, вдолж Повардарието, засилен северен ветер. Во деновите од викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Се очекува во југозападните делови на пониските места таа да изнесува над 20 см.
Поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период и во текот на целиот ден ќе бидат негативни.
Утринските температури ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени.
Во понеделник и вторник ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Утринските температури ќе се движат од – 13 до -6 степени, додека за дневните се очекува од -8 до 2 степени.
Значи ни претстојат најмалку пет студени денови, кои во овој период на зимата и не би требало да претставуваат изненадување.