Триенална изложба на графички листови од главната сесија на графичката работилница Софија – Богданци

Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 1 и 2, 26 јануари 2024, 20 часот

Културно-информативниот центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на отворањето на петтата триенална изложба на графички листови од графичката работилница Софија – Богданци


„Графичката работилница Софија – Богданци” е јадрото на едно продуктивно уметничко движење кое веќе 17-та тековна година ги обединува младите графичари од Македонија и од регионот. Настан кој навидум има само локално значење, но всушност е една успешна регионална приказна која претендира да го одржи приматот на графиката како специфичен и мошне моќен уметнички израз.

Главната сесија се одржува секоја година на крајот на август и почетокот на септември и на неа до сега имаат учествувано над 200 уметници од целиот регион. Улогата на ментори ја имаа истакнати графичари и универзитетски професори од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Целта на графичката работилница и пред сè на главната сесија е да го поттикне традиционалното создавање на графички израз. Учесниците имаат ретка можност да творат во сите традиционални техники (висок, длабок, рамен и пропустен печат) и да разменуваат искуства со графичари од други ликовни академии.


Изложбата ќе биде отворена до 13.02.2024 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …