Трибина: „Книжевната сцена во современиот културен контекст“ во КИЦ

Утре, 6 декември 2023 година, во Културно информативниот центар во Скопје – Салон Империјал 1, со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи трибината „Книжевната сцена во современиот културен контекст“.

Модераторка:
– Ана Јовковска, авторка, новинарка и културна истражувачка


Говорници:
– Петар Андоновски, автор
Живко Грозданоски, автор и книжевен преведувач
– Јулијана Величковска, авторка, уредничка во „ПНВ Публикации“, директорка на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмска директорка на „Поетска ноќ во Велестово“
– Владимир Јанковски, автор и уредник во издавачката куќа „Готен“

„Книжевната сцена во современиот културен контекст“ е дебата во организација на авторката, новинарка и културна истражувачка, Ана Јовковска во рамки на програмата за литературна дејност „Македонски книжевни текови“ на Културно Информативен Центар- Скопје, сo цел развој и афирмација на литературата и издавачката дејност во Република Македонија.


Настанот е замислен како еден вид платформа за креативен дијалог и критичко размислување со современи македонски автори кои имаат значајна улога во креирањето на моменталните книжевни текови, културни теории и политички светогледи. На дебатата преку делата на авторите, всушност, ќе се адресираат важни општествени прашања: современите предизвици на книжевноста, културната продукција, уметноста, културните идентитети, медиумската култура и друго.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …