Амбасадата на Италија во Скопје ќе го претстави фестивалот на италијанска џез музика “JaZzIT! Italian Jazz Trilogy”

Во рамките на многубројните настани по повод одбележувањето на 30годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Италија и Северна Македонија, Амбасадата на Италија во Скопје има чест да го претстави фестивалот на италијанска џез музика “JaZzIT! Italian Jazz Trilogy”, со времетраење од три дена, од 5 до 7 декември 2023.

Фестивалот е организиран од Амбасадата на Италија во Скопје, престижната Римска музичка институција “Fondazione Musica per Roma” и Италијанскиот институт за култура во Белград, со поддршка од Италијанското министерство за култура.


При отворањето на истиот, денес, на ден 5 декември во клубот „Станица 26“ со почеток во 20.30ч., македонската публика ќе може да ужива во авторските изведби на врвни имиња од италијанската џез сцена, како што се саксофонистот Марчело Алули, триото „Тhe Original Box Brothers” (со единствен “garage band” призвук во џез изедба во чиј состав е легендарниот басист Енцо Пјетропаоли), како и познатата кантавторка Костанца Алеџани, додека пак на 6ти декември, ќе настапат трубачкиот виртуоз Џовани Фалцоне (соло изведба), дуото Мауро Кампобасо и Мауро Манsони со нивниот патувачки проект “Vanishing Point” и триото Федра на Симона Северини (уникатен спој на џез и античка музика).

На крај, на ден 7ми декември, во просториите на Македонскиот народен театар, фестивалот ќе кулминира со изведбите на квартетот на младиот саксофонист Габриел Марчано и неговиот проект “A reason to believe” (во стил на модерниот њујоршки џез), како и, веднаш потоа, во настапот на т.н. “Freak Trio” на Џовани Фалцоне (со силно ритмични и мелодични композиции, инсиприрани од медитеранскиот фолк и панк-рокот).


Во своите професионални биографии, овие ценети италијански џез музичари вклучуваат бројни студиски албуми и настапи на светските сцени, повеќето и со големи легенди на џезот како што се Пет Метини, Чет Бејкер, Паоло Фрезу, Роберто Гато, Дејв Барел, Роберто Отавијано, Џанлуиџи Тровези и т.н., но и други музички соработки: компонирање на театарска и филмска музика и академски ангажмани при престижни италијански и светски музички конзерваториуми – отсек џез.

Влезници за концертите во клубот „Станица 26“ може да се набават во „Чув де чув“.


Билетите за концертната вечер на 7ми декември може да се набават на билетарата на Македонскиот народен театар или пак онлајн на КАРТИ МНТ

Повеќе информации околу самите изведувачи се достапни на следниот ЛИНК

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ТЕЈЛОР СВИФТ Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈБОГАТА МУЗИЧАРКА НА СВЕТОТ: Ја престигна Ријана и стана милијардерка по минатогодишната турнеја

Тејлор Свифт, според „Форбс“, се разликува од другите милијардери затоа што своето богатство не го …