ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА ПРОТИВ ОСКАРОВЕЦОТ:„Се соблече и два пати ме силуваше!“

Актерот Куба Гудинг Јуниор, најпознат по улогата во филмот „Џери Магуиер“ за кој доби Оскар, обвинет е за силување непозната жена во хотелска соба во Сохо, Њујорк во 2013. година. Ова не е прво вакво обвинение против него.
Page Six пренесува дека со новата тужба се тврди дека анонимна жена го запознала актерот во август 2013. година во дневен бар, а потоа тој ја поканил во неговата соба во хотелот „Мерсер“ да се преоблече пред да заминат во друг клуб. Кога влегле во собата, наведува Page Six, актерот, наводно, се соблекол, ја спречил жената да излезе од собата, а потоа ја силувал двапати.
Daily Beast објави некои вознемирувачки детали.


“Анонимната жена изјави дека Гудинг пуштил музика (Мумфорд и Синови, да бидеме прецизни) и започнал да се соблекува иако таа инсистирала да се врати во барот каде што биле нејзините пријатели. Наместо тоа, тој започнал да ги допира нејзините гради и несоодветно да се допира, иако неколку пати му кажала – не. Гудинг Јуниор тогаш, наводно, ја силувал двапати, барем еднаш без кондом. По нападот, жената се нашла со другарката и набрзина го напуштила хотелот“, се вели во тужбата со која жената бара судењепред порота и неодредена оштета“,, пишува Daily Beast..



Адвокатот на актерот, Марк Хелер, за Ројтерс изјавил: “Тоа се случи пред седум години. Не се покренати обвиненија. Веруваме дека обвиненијата и шријавата ќе бидат отфрлени”.
Гудинг веќе е обвинет за 22. случаи на вознемирување, малтретирање и сексуална злоупотреба и во моментов чека судење за шест прекршочни пријави за присилно допирање и сексуална злоупотреба. Тој ги негираше сите обвиненија против него.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …