Д Фестивал помина во беспрекорна организација и почитување на протоколот од почеток до крај

Вонредното, распродадено издание на единствната летна авантура кај нас – Д Фестивал, кое се одржа вчера на главната бина во Дојран, помина во беспрекорна организација и почитување на протоколот од почеток до крај. Голем аплауз за најдобрата публика на Д фестивал која помогна фестивалот да порасне во стандард за организација на концерти.

Великаните на македонската музика, едни од најквалитетните музички изведувачи на домашниот терен – Суперхикс, Бернејс Пропаганда, Плутос Даутс, Дон Плеја, Бон Праскиза, Принцес Донатсу, Глуми и ЛД Пистолеро заедно со диџеј Гоце, Ронин и Страјк.


По отворањето на фестивалските врати, програмата веднаш започна со еден необичен и интересен настап на GLOOMIE, каде публиката имаше шанса да го чуе и види процесот на правење музика и да гласа за најдобриот бит. За прв пат во Дојран, настапија младите и талентирани PLUTO’S DOUBTS, претставувајќи се со песните од нивниот прв албум “Сизиф”, а публиката имаше шанса и премиерно да го чуе нивниот нов сингл “Слепа за луѓе свои”. По нив, сцената ја преземаа предводниците на новиот трап звук – DON PLAYA, PRINCE$$ DONATSU & BON PRASKIZA, познати како MVR SVR. Како и секогаш, уникатни во својата изведба. Настапија и долгогодишните пријатели на Д Фестивал – BERNAYS PROPAGANDA, едни од најуспешните музичари во регионот и хероите на независната домашна музичка сцена. Без разлика дали станува збор за илјадници луѓе или лимитиран број на посетители, бандата инструментале SUPERHIKS повторно успеаја да ја разиграат и расположат публиката. За најдобар крај на вечерта, LD PISTOLERO придружен од DJ GOCE, RONIN и STRAJK, со нивниот енергичен и незаменлив настап ја затворија бината на Д Фестивал 2020.

Паркингот “Гранит” беше исполнет по сите стандарди и препораки за заштита од корона вирусот, а атмосферата во текот на целата вечер беше весела, безбедна и разиграна. Расположението на публиката, за нас, а и за изведувачите е најголемата награда за целиот вложен труд во организирање на еден ваков настан, одржан во посебни услови и за прв пат во историјата на фестивалот. Веројатно и еден од ретките европски фестивали кои успејаа да го одржат својот континуитет.


“Д Фестивал и пријателите” ќе се памети како изданието кога организацијата, изведувачите и публиката, заедно создадоа нови вредности, соодветни на времето во кое живееме.

Полн со надеж и позитивна енергија, Д Фестивал веќе се подготвува за своето наредно издание кое е закажано за 2-4 јули 2021 година. Првиот бран потврдени изведувачи со кои ќе го одбележиме роденденското издание е веќе објавен – KY-MANI MARLEY, MARKY RAMONE, BOOKA SHADE, REPETITOR & TELEMAMA, а наскоро публиката ќе ги дознае и останатите имиња кои ќе го посетат прекрасното Дојранско крајбрежје наредната година.


Билетите се веќе достапни во продажба на http://dfestival.mk/vleznici2021/ и во продажната мрежа на MkTickets.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …