Терористот од Виена е Албанецот Куртин, родум од Македонија

Австриските и европските медиуми не престануваат да пишуваат за синоќешниот терористички напад во Виена. Додека околу идентитетот на напаѓачот сè уште се шпекулира, главниот уредник на виенското списание „Falter”“, Флоријан Кленк, тврди дека станува збор за млад Виенец со албанско потекло од Северна Македонија.
„Неговото име е Куртин С, тој е роден во 2000. година во Виена, каде што порасна. Тој има албанско потекло, а неговите родители се од Северна Македонија“, напишал Кленк на Твитер.


Младиот човек што го спомна, наводно и бил познат на Контратерористичката служба (BVT), бидејќи тој бил еден од 90-те австриски исламисти кои се обиделе да патуваат во Сирија.
Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер утрово потврди дека убиениот терорист е симпатизер на Исламската држава, без да даде повеќе детали за неговиот идентитет.
Да потсетиме, синоќа во центарот на Виена се случи напад на шест различни локации и по тој повод, според последните информации, загинаа пет лица, додека 15 лица беа тешко повредени.
Според медиумите во Австрија синоќа четворица терористи и се предале на полицијата.
На социјалната мрежа Твитер се појави видео од предавањето на терористот.
Според странските медиуми, ова бил еден од најголемите терористички напади во Европа по нападите во Брисел во 2016. година, и нападите во Париз во 2015. и 2016. година.
Силни безбедносни сили го опколиле центарот на Виена а линиите на метрото се затворени.
Извор: nova.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …