(ВИДЕО+ФОТО) Австрија завиена во црно: Во терористичкиот напад најмалку 5. мртви, 7. се борат за живот

Во најмалку шест поврзани терористички напади во Виена, пет лица се убиени, а најмалку седум се во критична состојба . Нападите се случија во центарот на главниот град на Австрија, кога околу 20 часот неколку напаѓачи започнаа да пукаат кон луѓето на улицата. Еден напаѓач е убиен, по другите се трага.
Полицијата трага по сторителите, а центарот на Виена е затворен.
Пет лица загинаа во нападот во Виена, вклучувајќи го и напаѓачот, приврзаник на Исламската држава, е новиот биланс на австриските власти.
Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер утрово изјави дека од повредите починале двајца мажи и две жени и дека полицијата го убила осомничениот напаѓач кој имал пушка и носел лажен панцир.


17 лица беа повредени, меѓу кои и еден полицаец.
Од болницата во Виена се наведува дека седум ранети се во опасност по живот. Повеќето повредени се лекуваат од прострелни рани, но и расекотини и убодни рани.

Страшни закани од неидентификуван исламист се појавија на официјалниот профил на Твитер на виенската полиција, кој ги предупреди граѓаните за терористичкиот напад што се случува во главниот град на Австрија. Полицијата сè уште нема издадено официјално соопштение во врска со споменатиот исламист.

„Се колнам во Алах, ова е само почеток“, напишал извесен Абдилмунтаким ал Ираки. „По волја на Алах, оваа битка нема да заврши во Ирак или Сирија. Ние ќе победиме. Подгответе се, бидејќи борбата штотуку започна“, рекол тој на профилот hyurtay, кој беше откажан по неколку минути.

Следната порака била објавена порано денес од истата сметка: „Подготвивме изненадување за вас“.

Полицијата потврди дека нападите биле извршени на шест различни места во Виена, а сторителите со себе носеле долги цевки. Еден напаѓач бил убиен, неколку цивили биле сериозно ранети.
На социјалните мрежи беше објавено видео кое покажува апсење на четири лица во Виена по крвавиот напад што се случи во близина на синагогата во центарот на овој австриски град, а очевидци тврдат дека станува збор за апсење или предавање на осомничените.

Досега полицијата не потврди дека се напаѓачи, а на видеото се гледа како полицијата со тешко оружје ги принудува мажите да клекнат на земја. Се чини како видеото да е снимено од прозорецот на едно од околните кафулиња, кои беа затворени веднаш од безбедносни причини веднаш по почетокот на нападот, а гостите беа внатре.

Двајца млади момчиња со турско потекло, Реџеп Таип и Микаил Озен, двајцата борци на ММА, спасиле повреден полицаец за време на терористички напад. Тие велат дека еден од нив бил застрелан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата позната фолк пејачка Благица Павловска

Благица Павловска е родена на 4 декември 1958 година во Скопје. Таа е позната македонска …