ТАЖНА ВЕСТ: Почина Никола Ташев – поранешен солист на Македонската опера и балет

На 19.3.2021 во Прага, Чешка Република почина Никола Ташев – бас (1949-2021). Ташев беше поранешен долгогодишен член на Академскиот хор „Мирче Ацев”, поранешен член на Октетот Македонија, на хорот на Македонската радио телевизија и на хорот на Македонската опера и балет.


Од 1996. година па се до смртта беше солист-епизодист и член на хорот на Државната опера во Прага. Ќе остане во нашите спомени како одличен глас, чесен, искрен и коректен,напишаа на Фејсбук од НУ Национална опера и балет.
Длабоко сочувство до семејството

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …