Мјузиклот „Тајно моја“, што го режира актерот Тони Михајловски, не е повеќе на репертоарот на Македонската опера и балет. Мјузиклот, кој чинеше 100 илјади евра, нема да се игра до крајот на годинава, а не се знае дали ќе ја има и најавената балканска турнеја. „Тајно моја“ е мјузикл во чест на поп-ѕвездата Тоше Проески и е по либрето на Огнен Неделковски.
Парите, пак, за „Тајно моја“ беа обезбедени од Министерството за култура. За потребите на претставата тогаш имаше кастинг-талент шоу, во кое победија Денис Димовски и Антонија Гиговска. Во жирито беа Игор Џамбазов, Сара Мејс и Игор Дурловски. Мјузиклот е базиран на музичките хитови на Toше Проески, како „Тајно моја“,„Усни на усни“„ Немаш ни благодарам“, „Игри без граници“ и други.