Српскиот поет Владан Кречковиќ е добитник на наградата „Мостови на Струга“за 2021 г.

Добитник на Мостови на Струга“ за 2021година, наградаза најдобра дебитанстка поетска збирка од млад автор (под 35 години), што ја доделуваат „Струшкитевечеринапоезијата“ во соработка со УНЕСКO, е српскиот поетВладан Кречковиќ.

Според возобновената традиција, оваа одлука беше соопштена во седиштето на УНЕСКО во Париз, по повод Светскиот ден на поезијата. Оваа година, свечениот настан се одржа во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, чиј јубилеј беше вклучен во Календарот на значајни јубилеи поддржани од УНЕСКО.


Наградата налауреатотќемубидевраченанапоетскоточитање „Мостови“, еднаодцентралнитеманифестациинагодинешнотоизданиенафестивалот, предвидендасеодржиод 25до30август.

На конкурсот што беше отворен до 1 март, пристигнаа 46 стихозбиркиодкои 36 гизадоволувааформалнитекритериуми, штоукажуваназголеменинтерес за оваа престижна награда.


Во најтесниот избор на кандидати за добитници на наградата беа: Џерардо Масучо (Италија), Тариро Ндоро (Зимбабве/Велика Британија) и наградениот автор Владан Кречковиќ.


Владан Кречковиќе роден во Белград, 1988 година. Дипломирал Новинарство и комуникологија на Факултетот за политички науки на Белградскиот Универзитет. Неговата поезија е објавувана во неколку книжевни списанија: „Градина“ (Gradina), „Чекори,(Koraci),„Факел“,(Buktinja) и веб порталите „Астронаут“, „Страници“ (Strane) и „Афирматор“. Париз, Тексас е неговата прва поетска книга. Покрај поезија, тој пишува проза, а неговиоткраток расказИсчезнатите беше дел од 41. издание на Ракописи – зборник на проза и поезија од млади автори од земјите на поранешна Југославија.

Неговата дебитантска збиркаПариз, Тексас, за која ја добива наградата е во издание на Енклава. Во рецензијата за збирката се вели:

Веќе од самиот наслов на првата збирка песни на Владан Кречковиќ, Париз, Тексасе назначено на кој начин би требало да се читаат песните што се пред нас. Алудирајќи, пред сѐ, на култниот филмски класик на Вим Вендерс, но и на филмот Чанкинг Експрес на ништо помалку култниот Вонг Кар- Ваи, што говорат за тоа колку животот може да биде безволен и без смисла по прекинот на емотивните врски, Владан Кречковиќ на мошне суптилен и непретенциозен начин ја раскажува приказната за разделбите обидувајќи се преку  патувањата, гледањето на семејните фотографии,наоѓањето соговорник во странецот што оставил коменар на Youtube, преку непрестајното сеќавање и преиспитување, да најде потпорна точка од која неговиот живот може да продолжи со вообичаениот тек. Оваа книга нуди поинаква перспектива на романтичната загуба без грам патетика и претставува исчекор во просторот на новата чувствителност.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …