(ФОТО) Откриени деталите за доделувањето на Оскарите: Ќе се одржи интимна церемонија во живо – без „Зум“

Организаторите на овогодинешните Оскари открија одредени детали, наведувајќи дека и покрај пандемијата, сè ќе се одвива како и претходните години.
Ова значи дека нема да има повици преку „Зум“ за време на церемонијата, а „дрес кодот“ за црвениот тепих не вклучува тренерки и патики, туку вистински гала-изданија.
„За оние кои нема да можат да присуствуваат поради претходно закажаните состаноци или непријатностите што им ги претставува патувањето, ве известуваме дека нема да има можности да се појават во шоуто преку Зум“, изјавиле продуцентите Стивен Содерберг, Стејси Шер и Џеси Колинс.
Во писмото испратено до сите номинирани се наведува дека целта е да се обезбеди најдобра можна забава за учесниците и да се подготви спектакл за гледачите.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Jahiro Hernan Torres V (@infinitodigitalmedia)


„Се обидуваме да обезбедиме безбедна и забавна вечер за сите вас лично, како и за милиони љубители на филмот ширум светот и сметаме дека нема да успееме во тоа доколку го организиравме настанот во виртуелна форма“, беше посочено.
„Церемонијата ќе биде интимна“, рекле од Академијата, телото што ги надгледува Оскарите, ветувајќи дека сè ќе се одржи, грижејќи се за сите безбедносни епидемиолошки мерки на претпазливост.
Сите присутни ќе бидат претходно тестирани, а на теренот ќе има тим за заштита од коронавирус во текот на целата вечер на 25. април. Целиот настан ќе се третира како „активен филмски сет“, се вели во писмото на продуцентите, меѓу другото.
Оскарите се закажани да се одржат на Унион станица во центарот на Лос Анџелес, а исто така ќе има и елементи во живо од вообичаениот дом на церемонијата во театарот Долби во Холивуд. Откриени се и сите мерки за оние кои на доделувањето на наградите ќе дојдат од други градови и земји.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cinema Information (@cine.inf)

Што се однесува до облеката, вообичаениот кодекс на облекување е прекршен само еднаш во последните 20 години, во 2001 година по терористичкиот напад на Светскиот трговски центар. Оваа година, и покрај пандемијата и трагедијата што погоди милиони луѓе, организаторите одлучија да продолжат во класичен елегантен стил. Темата на наградата за 2021 година е – Stories Matter (Приказните се важни).
„Нашата цел е мешавина од инспиративни и аспиративни, што во поедноставен вокабулар значи дека е прилично кул ако сакате да дојдете свечено облечени, но не и лежерно“, пишува во писмото.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …