Среќен роденден Васил Зафирчев !!!

Васил Зафирчев е роден во Велес на 28 февруари 1980 година. Тој е познат македонски театарски и филмски актер, музичар и водител.

Васил Зафирчев дипломирал во 2002 година на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Веднаш потоа, Зафирчев настапувал во повеќе театри во Македонија, како Македонскиот народен театар, Драмскиот Театар, народните театри во Велес, Прилеп и Струмица и Македонската Опера и Балет. Тој остварил повеќе од 60 улоги во театар, телевизија и на филм. Добитник е на сите престижни глумечки награди во Македонија, меѓу кои и на највисокото глумечко признание „Ристо Шишков”, како и на повеќе меѓународни театарски награди.


Од 2004-2006 година Зафирчев бил Претседател на Здружението на драмски уметници на Република Македонија – „Џинот”. Од 2004 година станал уметнички директор на Калиопи Мјузик Продукција. Од 2006-2007 година Зафирчев бил професор на Глумечкиот факултет при Славјанскиот Универзитет во Битола. Од 2006-2007 година бил професор по глумечка игра во средното балетско училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Од 2006 до 2008 година бил вработен во Националната Установа Драмски Театар, Скопје. Денес, Васил Зафирчев е уметнички директор на Театарот “ЈХК-Џинот” од Велес.

Остварил огромен број на театарски, филмски и улоги во тв серии.


Добитник е на следниве награди и признанија:

  • Награда за најпопуларен глумец “Златна Бубамара”, Скопје, февруари 2006
  • Награда за најуспешен глумец на манифестацијата “13-ка за најуспешните”, Струга, јули 2006
  • Награда “9 ноември” на град Велес, највисоко општинско признание за афирмација на Велес во областа на културата, Велес, ноември 2005
  • Награда за највисоко глумечко достигнување за 2005 година за улогата на Последниот маж во претставата “Последниот маж, последната жена” на Меѓународниот фестивал на камерен театар “Ристо Шишков”, Струмица, септември 2005
  • Награда за специјален уметнички израз и највисока естетика за моноперформансот “Пијанистот” на Меѓународниот фестивал на моноперформанси “Арммоно”, Ереван, Ерменија, септември 2004
  • Награда “Зоран Радмиловиќ” за најдобра улога во комедија за улогата на Јеленче во претставата “Радован III” на Меѓународниот театарски фестивал “Денови на Зоран Радмиловиќ”, Заечар, Србија и Црна Гора, ноември 2003
  • Награда за најдобро глумечко остварувње “Златна маска” на ревијата “Вечер”, за улогата на Лисистрата во претставата “Лисистрата” на Фестивалот “Охридско лето”, Охрид, август 2003
  • Награда “Златна маска” на ревијата “Вечер”, за авторскиот проект “Пијанистот” на Фестивалот “Охридско лето”, Охрид, август 2003
  • Награда за најпопуларен глумец “Златна Бубамара”, Скопје, март 2003
  • Награда за најпопуларен глумец на ревијата “Вечер”, Скопје, февруари 2003
  • Најдобро глумечко остварување за улогата на Лисистрата во претставата “Лисистрата” на Првиот Интернационален Фестивал на Античка драма “Стоби”, Велес, јули 2002
  • Награда за најоригинална и најекстравагантна претстава за моноперформансот “Пијанистот” на Меѓународниот фестивал на моноперформанси “Видлуња”, Киев, Украина, април 2002
  • Најдобро глумечко остварување за улогата на Деметар во претставата “Сон на летната ноќ” на МТФ “Војдан Чернодрински”, Прилеп, јуни 2001
  • Најдобар млад глумец за улогата на Јанко во претставата “Елешник” на МТФ “Војдан Чернодрински”, Прилеп, мај 2000
  • Награда за најдобар млад глумец на Академијата за музичка и сценска дејност на Град Велес, Велес, февруари 1998
  • Награда за најдобар говор и дикција на Фестивалот на алтернативен и амaтерски театар-ФААТ, Кочани, мај 1997

Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика и му го честита роденденот на нашиот Васил Зафирчев.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

SoundEdge објавија две нови песни

Музиката што долго време лебдеше во воздухот на SoundEdge студиото, што излегуваше и влегуваше од …