Среќен роденден Ноне Неделковска

Нона (Ноне) Неделковска е родена на 28.09.1986 година во Велес – Република Македонија. Својата пејачка кариера ја започнува уште како седумгодишно девојче на најпрестижниот детски фестивал во Македонија – „Златно славејче”, каде настапува со песната „Каубои смели“. Поширока афирмација доживува во 2005 година на интернационалниот музички избор за „Идол“ каде во жестока конкуренција на нови пејачки таленти од Србија, Црна Гора и Македонија, станува една од двете финалистки, а за малку и победник. Веднаш потоа го потпишува својот прв договор со една од најпрестижните македонски продуцентски куки – „Премиер продукција“ и започнува професионално да се занимава со музика.

За многу кусо време станува еден од најпрепознатливите и најпопуларни женски вокали во Македонија. Настапува на најреномираните музички фестивали во земјата: „Охрид фест-Охридски трубадури 2005″ – каде ја добива првата награда од телевоутинг гласањето на публиката и наградата од стручното жири за најдобар дебитант. На фестивалот „Макфест 2005“ – победува во дебитантската вечер, исто како и следната 2006 година. Во 2006 година надвор од Македонија настапува на престижниот фестивал на забавна музика – „Будва 2006“ (Црна Гора), како и на фестивалот „Стари Град“ во Нови Пазар (Србија) каде го освојува првото место и Гран-при наградата како апсолутен победник.


Во март 2006 година на дискографскиот пазар го издава својот дебитантски албум – „Јас или таа“, кој за само една недела ке се продаде во фантастични 10.000 примероци за македонски услови.
Во месец мај 2007 година договорот со својата продуцентска кука „Премиер продукција“ го продолжува на уште две години, а веднаш потоа излегува и нејзиното ново ЦД, вториот албум – „Исто како порано“, кој исто така за само една недела повторно се распродава во завиден тираж од 7.000 примероци.

Учествува на интернационалниот фестивал на забавна музика – „Будва 2007“ во Црна Гора, а во месец август 2007 настапува на меѓународниот фестивал „Еуропоп – Зеница 2007“ (Босна и Херцеговина) каде на интернационалната вечер во конкуренција на 20 изведувачи од 17 европски земји станува апсолутен победник освојувајќи ја првата награда од стручното жири составено од акредитираните новинари.
Во месец октомври повторно учествува и на најпрестижниот македонски фестивал на забавни песни „Макфест 2007“ каде што се пласира во финалето и има исклучително забележителен настап.


Среќен роденден Ноне, ти посакува редакцијата на Екран, а вие потсетете се на нејзиниот голем хит „Лесно ко 2 и 2“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се …