Среќен роденден Димитар Андоновски !!!

На денешен ден во 1985 година во Битола е роден познатиот македонски пејач Димитар Андоновски. Димитар уште од мали нозе влегол во му­зичките води, пред се како ученик во нижото музичко училиште во Битола. Завршил средно музичко училиште (отсек вио­лина) во Битола и се запишал на музичката академи­ја во Скопје. Првото пејачко искуство, Димитар го имаше во 1994. година на дет­скиот фестивал Си-До, каде ја отпеа, тогаш многу популарната „Кога Ема би знаела“, по што се појави и во телевизиската серија Здраво генијалци на МТВ, и оттогаш, како што сами­от вели, постојано е во музиката.

Димитар бил дел од тимот финалисти на М2 продукција во 2003, а во полуфиналето ја отпеа „Ми требаш како молитва“ на Игор Узунов. Бил еден од придружните вокали на Тијана Дапчевиќ на Евровизија 2014 година.


Активен е во музичките води и ден денес.

Редакцијата на Екран му посакува среќен роденден, а вие слушнете ја одличната преработка на песната „Ако одам во Битола“ испеана од Димитар и Фонтана, заедно со Sarah Mace.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …