Срамота! – Вечер на раскажување квир приказни во Театар Комедија

Skopje Pride Weekend и ПРВО ПА ЖЕНСКО на Ве канат на СРАМОТА! – Вечер на раскажување квир приказни и афтер со Зоки Бејбе.

СРАМОТА! е иницијатива на ПичПрич дуото Ана Василева и Румена Бужаровска. Неколку раскажувач(к)и од јавната културна, политичка и општествена сфера раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој ја обележал нивната општествена ненормативност – оттаму, „квир” како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код.


Срамот е поврзан со нашите желби, задоволства, однесувања, движења и мисли, па затоа овие приказни создаваат наративи за отпор. Конечно, нашиот срам станува наше задоволство и среќа. Наместо наведната глава и зацрвенети образи, ние даваме отпор. Наместо неподносливото внатрешно гушење, ние пукаме од смеење. Овој настан има намера да го искористи хуморот како моќна алатка за отпор и кршење на општествените норми и притисок што создава чувство на срам кај нас како поединци.

Раскажувач(к)и на оваа СРАМОТА! ќе бидат: Биљана Гинова, Ѓорѓе Јовановиќ, Јелена Вишњиќ, Лила Милиќ, Ана Аврамоска, Славчо Димитров. По раскажувањето следува DJ сет на Зоки Бејбе во Бистро Комедија.


Билетите можат да се купат на билетарата на Театар Комедија или на нивниот веб сајт.

Ова издание на ПРВО ПА ЖЕНСКО е поддржано од: Шведска и The Kvinna till Kvinna Foundation, FRIDA | The Young Feminist Fund, Зигрид Раусинг Траст и Министерство за култура / Ministria e Kulturës.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Претставување и разговор со писателот Сунил Ман

На 25 јули (четврток), со почеток во 20:00, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи книжевен …