(ВИДЕО) Светот полудел по ПИТА на турска домаќинка: Пробајте РЕЦЕПТ кој има повеќе од 10. милиони прегледи

Совршено за појадок, со чаша јогурт
Кога ви се брза и ви треба практичен и брз рецепт, секогаш можете да се свртите кон питите. Освен што се вкусни, познато е дека се лесни за правење. Овој пат ви носиме рецепт за малку поинаква пита од онаа на која сте навикнати. Станува збор за рецепт на турска домаќинка кој е прегледан повеќе од 10. милиони пати на YouTube.
Ќе знаете што е толку магично во оваа пита кога ќе ја пробате.
Состојки:
2 компири
2 домати
3 зелени пиперки
2 млади кромидчиња
4 јајца
1 лажичка сол
100 гр фета сирење
1 шолја масло
1,5 шолји млеко
3,5 чаши брашно
2 кесички прашок за пециво
рендано сирење
Подготовка: Излупете и исечете ги компирите, доматите (излупете ги), зелените пиперки и зелениот кромид на мали коцки. Потоа се матат јајцата, па се додава зеленчукот, солта, сечканата фета, маслото и млекото. Добро промешајте. На крајот додадете брашно и прашок за пециво. Калапот со дијаметар од 32 см премачкајте го со путер. Истурете ја смесата, посипете со ренданото сирење и печете на 200 ° C околу 30-35 минути.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Христина Персијанка

Светата маченичка Христина Персијанка Светата Христина Персијанка била христијанска маченичка која пострадала за својата вера …