СРАМОТА – Дошла на погреб кај пријателка. Семејството повикало полиција штом заминала

КОГА ожалостеното семејство видело непозната жена пред ковчегот на нивната почината роднина, пристојно и дозволиле да одаде почест во отворениот ковчег, барем така мислеле….
Жена во шеесеттите години се претставила на семејството на починатата како нејзина пријателка.
Но, подоцна, кога членовите на семејството повторно стигнаа до одарот, сфатиле дека починатата останала без накит – нејзиниот ѓердан, прстен и обетки исчезнале, пишуваат француските медиуми.
Семејството веднаш ја алармирало полицијата, која тргнала во потрага по сомнителната пријателка. Откриле дека станува збор за жена која живее недалеку од погребален дом во градот Лиевин.
Ја уапсиле и во нејзиниот дом го пронашле украдениот накит.
Но, тоа не е крај на приказната. Таа наскоро од полицијата била поврзана со кражба на паричник од мртов човек на одарот во истиот погребален дом порано истиот ден.
За време на претресот во домот на осомничената, полицијата пронашла куп од неодамна објавени известувања за смртта. Тие исто така содржеле кодови за пристап за членовите на семејството да влезат во одредени простории каде што се наоѓаат ковчезите.
Полицијата објавила дека жената ќе мора да се појави на суд во 2022 година.

Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …