Три најчести симптоми на ковид предизвикани од делта сојот

Делта сојот се смета за екстремен поради сериозноста на симптомите што ги предизвикува, во споредба со првобитниот сој. Влијае на белите дробови, што доведува до респираторни проблеми, но и до гастроинтестинални проблеми, дури и во благи или умерени случаи, што го разликува од претходните загрижувачки соеви.
Се чини дека симптомите на ковид се сменија од оние предизвикани од првичниот вид од Вухан.
Треска и кашлица се вообичаени симптоми на ковид-19 од почетокот на пандемијата, додека кај некои пациенти се појавија главоболки и болки во грлото.
Сите овие симптоми се јавуваат кај луѓе заразени со делта сојот. Сепак, течење на носот досега не се споменувало како симптом, но тоа се променило со новиот вид на коронавирус.
Членката на Кризниот штаб, во Србија, Тања Јовановиќ, рекла дека е повеќе заразен, дека се шири полесно и дека напаѓа и помлади луѓе и дека дава клиничка слика која е малку изменета во споредба со претходните видови.
„Обично кај помладите, дава слика на многу силна настинка, може да нема симптоми на губење мирис и вкус, но може да доведе до тешка форма која бара хоспитализација“, рекла Јовановиќ, нагласувајќи дека симптомите се кивање , болки во грлото и главоболка.


Луѓето се уште пријавуваат кашлање, но се повеќе течење на носот и кивање. Тие се уште се жалат на главоболки и болки во грлото, а се помалку треска и губење на чувствата за мирис и вкус.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …