Во рубриката „Споменар“ нашите познати личности одговараат на 20 кратки и интересни прашања по теркот на споменарите што беа актуелни кај тинејџерите во 80те и 90те години пред интернетот да стане главна занимација. Се надеваме дека за миг ќе ви ги „разбудиме“ најубавите спомени …
Денес ви го презентираме „споменарот“ на нашиот млад артист Иван Димишков-Димиш. Својот соло проект Димиш го започнува во 2019-та година. Неговото последно шесто ЕП насловено како „22“ излезе на 6 ноември 2023 година. Тој е креативен, продуктивен млад артист, а неговите настапи се енергични и уникатни. Учествувал на многу фестивали како: Андерфест, Д Фестивал, Звукот на Скопје, Земјотрес и други. Уживајте во неговиот споменар.
- Во колку часот се будиш?
- Најчесто во 10, но некогаш и порано.
- Кој ти е прекар?
- Димиш.
- Што си во хороскоп?
- Скорпија.
- Кој ти е омилен пијалак?
- Планински чај, па и кока-кола.
- Која ти е омилена боја?
- Неколку се: Црвена, црна (не е боја, но ајде и таа ќе ја кажам), зелена.
- Кое ти е омилено јадење?
- Los Pollos врап и помфрит од „Baking Bread“.
- Која ти е омилена книга?
- „The Subtle Art of Not Giving a Fuck“ од Марк Менсон.
- Кој ти е омилен филм/серија?
- Омилени филмови „Maze Runner“ и „Spider-Man 2 (2004)“, омилена серија „The Blacklist“.
- Кој ти е омилен спорт?
- Немам, не сум по спортот.
- Што знаеш најубаво да зготвиш?
- Пица, можеби? Не знам баш да готвам…
- Кое е твоето омилено годишно време?
- Есен.
- Со кого сакаш да снимиш дует?
- Со многу луѓе. Дени Крстев од „Фонија/My Tear/21 век“; Fitz од „Новиот почеток“; „KoiKoi“. Сигурно има уште, во овој момент овие ми текнаа.
- Која е твоја најдобра и најлоша особина?
- Најдобра… Паа, тоа што секогаш гледам да сум смирен, да не дозволувам да се нервирам за глупости и тоа да ги ислушам луѓето сѐ што имаат да кажат. Најлоша е тоа што сум спор и често знам да доцнам некаде.
- Кој е твоја омилена македонска песна?
- Мартина Блажеска – Розеби неба!
- Омилен пејач/ка, група (македонски)
- Пејачка Ана Петановска, а омилена група „Фонија“.
- Најубаво место што си го посетил
- Сите места во Турција каде што сум бил (Сиде, Белек, Кемер, Аланија).
- Како се викаше првата ваша девојка/дечко?
- Анастасија.
- Со кого го пиеш утринското кафе?
- Не пијам кафе.
- Кој е твојот омилен музички македонски албум?
- Фонија – Мојот пекол
- Кој е твојот омилен глумец/ца од Македонија?
- Од постарите Атанас Атанасовски а од помладите Гоце Андонов и Мартин Ѓоргоски
Подолу погледнете го видеото за песната „Црвена кошула“ од неговото најново ЕП „22“