Je parle tout seul

СПАС ЗА МНОГУ ТЕГОБИ – СО ДЕЦЕНИИ СЕ ВЕРУВА ДЕКА ГО ЧИСТИ ТЕЛОТО ОД ОТРОВИ, ГИ ЗАШТИТУВА ЦРНИОТ ДРОБ И БУБРЕЗИТЕ: Задолжително запишете го рецептот за овој домашен напиток!

Како да го направите
Бројсовиот чај, т.е. неговите варијации, бидејќи состојките се различни во однос на тоа за какви проблеми е наменет, се подготвуваат многу едноставно, но потребно е многу прецизно да се следат мерењата на состојките, за овој напиток да има најдобар можен ефект. Секој чај се пие неколку пати дневно.

Бројсов чај за имунитет
Потребно е:
Лажица жалфија
Нотка нане
Нотка маточина
Нотка кантарион
Подготовка: жалфијата се вари во половина литар вода три минути, па се трга од оган, па се додава прстофат нане, маточина и кантарион. Се остава покриено десет минути. Процедете и испијте половина од овој чај пред појадок, а другата половина попладне или пред спиење.


This image has an empty alt attribute; its file name is caj-brojs.jpg

Бројсов чај за бубрези
Потребно е:
Конско опавче 15 грама
Коприва 10 грама
Троскот осум грама
Кантарион шест грама
Подготовка: додадете прстофат од смесата од овие билки и прелијте ја со шолја топла вода, па оставете ја да отстои десет минути. После тоа, процедете го и вратете го талогот, па повторно прелијте со уште две шолји врела вода и варете уште 10 минути. Сето тоа процедете го во истиот сад и измешајте го со претходно исцедениот чај.


Чај за детоксикација на Бројс
Потребно е:
Лажица жалфија
Нотка кантарион
Нотка нане
Нотка маточина.
Подготовка: додадете жалфија во половина литар врела вода и варете уште три минути. Откако ќе го тргнете од оган, во оваа вода додадете прстофат кантарион, нане и маточина. Оставете покриено 10 минути, па процедете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …