Je parle tout seul

СПАС ЗА МНОГУ ТЕГОБИ – СО ДЕЦЕНИИ СЕ ВЕРУВА ДЕКА ГО ЧИСТИ ТЕЛОТО ОД ОТРОВИ, ГИ ЗАШТИТУВА ЦРНИОТ ДРОБ И БУБРЕЗИТЕ: Задолжително запишете го рецептот за овој домашен напиток!

Според рецептот на познатиот Рудолф Бројс
Ако не сте слушнале за чајот на Бројс, крајно време е да научите нешто за оваа „шолја здравје“. Станува збор за растителна смеса, која се состои од нане, маточина, кантарион и жалфија и која се подготвува различно во однос на здравствениот проблем за кој е наменета.
Од составот веќе е јасно дека чајот на Бројс е невидено здрав напиток бидејќи не се знае која од состојките е поздрава, а пред да објасниме како се прави чајот, неколку збора за докторот по кој е именуван чајот.

This image has an empty alt attribute; its file name is rudolf_brojs_l.jpg


Рудолф Бројс бил австриски лекар со скромно потекло, кој цврсто верувал дека природата има моќ целосно да го излечи нашиот организам. Тој смислил терапија која вклучува чаеви и диети, за кои тврдел дека лекува рак и многу други, инвазивни болести.

Состав на чајот
Како што рековме, чајот на Бројс се состои од нане, маточина, кантарион и жалфија, а има и причина зошто овие растенија се состојките.
Нането е многу моќно во борбата против вирусите и токсините во организмот кои влијаат на бубрезите и црниот дроб, кантарионот има антисептички, аналгетски и благи седативни својства, жалфија е богата и со антисептик и есенцијални масла, како и маточината, која помага во борбата против токсините, вирусите и бактериите.
Овој чај помага при проблеми со бубрезите, желудникот и за чистење на организмот, но одличен е и за здрави луѓе на кои им помага за зајакнување на имунитетот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …