Не дозволувај чистењето да биде се’ што ќе мислиш за време на викендите
Кога се омажив, минував најмалку 16. часа дневно, уверувајќи се дека се’ е чисто, во случај „некој да дојде кај мене“, но тогаш забележав дека овие луѓе, кои ги чекав да дојдат кај мене, не пристигнуваа затоа што се шетаа, се релаксираа, се забавува уживајќи во животот.
„И целиот живот го подредив на тоа:„Што ако дојде некој?
И токму во тоа време, баба ми ми даде совет што ќе го паметам засекогаш: ‘Никогаш не дозволувајте твоите тавчиња да светат повеќе од тебе!
И така, самостојно, сфатив дека не сум должна никому да ја објаснувам мојата ситуација во куќата. Луѓето не се грижат што правам цел ден во мојот дом. Луѓето си дозволуваат да се релаксираат за време на викендите, да се забавуваат, да уживаат во животот…
Животот е краток, уживајте!
Избришете ја прашината само кога е потребно. Направете приоритет да ви биде да нацртате нешто, да милувате мачка, да си играте со куче, да прошетате со пријателите и децата, да зготвите нешто вкусно, да ги залиете вашите омилени растенија …
Дајте си малку одмор: сончајте се, искачувајте се по планини, играјте со децата, слушајте музика, читајте книги …
Запомнете, избришете ја прашината само кога е потребно – никој нема да ви го врати денот. Еден ден, кога ќе заминеме, самите ќе станеме прашина! И никој нема да се сети колку садови сте измиле, колку прашина сте избришале, но сите ќе се сетат на вашата насмевка, сјајот во вашите очи, дарот на пријателството, радоста што ја споделивте со децата.