Сон сака да остане во Тотенхем

– Фудбалерот на Тотенхем, Сон Хју Мин, рече дека не сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, туку да остане во редовите на лондонскиот премиерлигаш.

„Имам многу работи да направам во Премиер лигата. Парите сега не ми значат ништо, важна е гордоста за играње фудбал, да играм во мојата омилена лига.


Повеќе сакам да играм за Тотенхем во Премиер лигата“, изјави Сон.

За јужнокорејскиот репрезентативец е заинтересиран судискиот прволигаш Ал Итихад, но Тотенхем не сака да го продаде Сон на саудискиот клуб.


Ал Итихад денеска објави дека потпишал тригодишен договор со францускиот репрезентативец Н’Голо Канте, кој во клубот од Џеда му се приклучи на својот сонародник Карим Бензема. ег/ФОТО: Твитер .

Извор: МИА


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 14.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ќе ве придружува добар работен ритам, имате многу енергија и без потешкотии ќе …