Симптомите на срцев удар кај жените се различни и често се игнорираат: Еве кои се најтипични!

Многу од симптомите често се игнорираат, а познавањето на предупредувањата што телото ги испраќа може да направи огромна разлика.
Честопати, симптомите на срцев удар, особено кај жените, се многу посуптилни од она што го гледате на телевизија.
„Иако мажите и жените можат да доживеат притисок во градите што се чувствува како слон да седи на вашите гради, жените можат да доживеат срцев удар без тој познат притисок и стегање во градите“, рекла Нис Голдберг, директорка на „Женскиот здравствен центар Џоан Х. Тиш“ во NYU во медицинскиот центар Лангоне и волонтер во Американското здружение за срце.

Затоа ги наведуваме симптомите на срцеви проблеми, кои се јавуваат кај жените.


Жените може да имаат непријатност во градите
Според Американското здружение за срце, „непријатниот притисок, затегнатоста, исполнетоста или болката во центарот на градниот кош“ е еден од клучните знаци за срцев удар кај жените.

„Траат повеќе од неколку минути или исчезнуваат и се враќаат“, објаснуваат тие.


Болка или непријатност во раката
Болка или непријатност во едната или двете раце се исто така честа појава. Рози О’Донел доживеала срцев удар во 2012. година, а како еден од симптомите ја навела болката во раката. На својот блог, Рози детално опишала што се случило откако и помогнала на „огромна“ жена да излезе од автомобилот.
„Неколку часа подоцна, телото ме болеше, градите, ме болеа двете раце, се чувствував како да сум сина насекаде“, открила таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …