(ВИДЕО+ФОТО) ЗАПМ И’ ОФИЦИЈАЛНО: Лозано е изведувач на 5. од 10. најслушани песни во 2020. година

Од вкупно 10 песни, дури половината, односно пет најслушани песни се на Лозано. Покрај „Ова лето ќе се памти“ тука се и „Мандарина“, „Бонбона“, „Километри“ и „Јако, јако“…
ЗАМП ги објави десетте најслушани домашни песни за 2020-та година, а со резултатите веројатно многумина ќе се согласат.
Прв на листата е миленикот на публиката Влатко Лозаноски – Лозано. Неговата песна „Ова лето ќе се памти“ е прогласена за најслушана композиција во 2020-та година.


Од вкупно 10 песни, дури половината, односно пет најслушани песни се на Лозано. Тука се и „Мандарина“, „Бонбона“, „Километри“ и „Јако, јако“.
Покрај Влатко, се разбира најзаслужни за ваквиот резултат се авторите на овие песни, братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски.

This image has an empty alt attribute; its file name is top-10-mak-pesni.jpeg


На второто место се најде „Немаш право ти да ми судиш“, на Елена Ристеска, додека третото место го дели со Панчо, за песната „Како да се радувам“. На високото четврто место е „Тажна љубов среќна песна“ на Тамара Тодевска. Тодевска се најде и на десеттото место со „Тешко без тебе“. На оваа листа е и Владо Јаневски, на деветтото место, со песната „Повторно се заљубувам во тебе“.

Во новата 2022. година (па и понатаму) очекуваме уште многу нови македонски хитови! Да ги поддржиме македонските автори и изведувачи и да слушаме македонска музика.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …