Што сака да порача Антониа Гиговска со новата песна: „Црно убаво ми стои, те жалам“ (ВИДЕО)

(21.11.2023) Помина скоро една година откако младата поп-ѕвезда Антониа Гиговска предизвика турбуленции на македонската музичка естрада со нејзиниот приватен живот, а пред неколку месеци таа ја оствари и најважната улога во својот животот – стана мајка.

По долгиот „молк“, Антониа вчера се врати во полн сјај со најновата песна на српски јазик „Брига ме“ и одговори на многу од прашањата кои стигаа на нејзина адреса изминатиот период…


„Јас секоја твоја пцовка ја бројам, срами се, срами се и црно баш убаво ми стои, те жалам, те жалам“ – вака би бил преводот на дел од стиховите“ – а што сакаше Антониа со ова да порача и на кого, проценете вие.

Песната како што кажавме е на српски јазик, а музиката и аранжманот за истата ја направи познатиот Дарко Димитров, додека текстот е дело на Виолета Михајловска Милиќ.


Исто така, „прашина“ крена и видеоспотот за песната на кој режисер е одличниот Томислав Живковиќ, во кој Антониа можеме да ја видиме во неколку различни и смели изданија…

Ова е само почеток од она што допрва следува од Антониа и нејзиниот тим, а со оваа песна таа се врати и на живите настапи по пауза од неколку месеци…


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …